А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УХМР: Можно локално излевање на реките

by А1он04/03/2018 - 11:57209
Share0

Опасноста од локални излевања на Треска, Црна Река и Вардар и нивните притоки и натаму останува во горните текови, како и на Пчиња, Сатеска, Голема Река и други реки главно во западниот дел од државата. Потврдени излевања има во горниот тек на Црна Река во атарот на селата Граиште, Единаковци, Света и Бучи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Добивај вести на вибер

Поради појавата на високи водостои и излевања од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.

– Поради заситената почва со влага има појави на заезерувања. Одмрзнувањата на теренот и неговата заситеност со влага може да предизвика појави на одрони и свлечишта, велат од УХМР и додаваат дека нивните висински метеоролошки станици укажуваат на понатамошно намалување на снежната покривка во Маврово, Крушево, Лазарополе, Пожаране и Ѓуриште.

Топењето на снегот, заедно со врнежите од дожд во изминатотот деноноќие, потенцираат, условува постојан дотек на вода во суводолиците и реките.

Водостојот на Треска кај Македонски Брод во 11 часот изнесува 219 сантиметри, на Црна Река кај Новаци 250, Боротинско Блато кај Боротино 280, Вардар кај Јегуновце и Радуша по 196, Пчиња кај Катлановска Бања 184, Голема Река кај Ресен 153, Сатеска кај Ботун 124 и на Радика на мернотоместо кај Бошков Мост 132 сантиметри.

uhmr

Би можело да ве интересира

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:21

УХМР: Од вторник нестабилно време со дожд и силен ветер

Горан Наумовски16/11/2025 - 12:19

УХМР: Денеска до 43, од утре пороен дожд и грмежи

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:57

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Горан Наумовски21/07/2025 - 10:40

Не очекува потопло и посушно лето

Катерина Ѓуровски02/06/2025 - 11:2202/06/2025 - 11:29

Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките

Горан Наумовски02/04/2025 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен