УХМР: Можно е зголемување на нивоата на реките по најавите за врнежи од дожд и снег

Од:

По најавите за нови врнежи од дожд и снег, можно е извесно зголемување на водостоите на реките, особено во западните и јужните делови од земјата, но сепак не се очекува излевање, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува зголемување на водостојот на Трска, Црна Река и Голема Река во околината на Ресен, како и на водотеците кои доаѓаат од Кожув и реките во Гевгелиско-валандовската котлина.

Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолците, иако не очекуваат поплавувања.

Врнежи од дожд се најавуваат за денес и во текот на ноќта. Според прогнозата на некои места тие ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Во наредните денови се очекува доста студено време, поради што на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Би можело да ве интересира

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот

Исклучително високи водостои на Вардар и на Треска, има опасност од излевање

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

УХМР: Од вторник нестабилно време со дожд и силен ветер

УХМР: Денеска до 43, од утре пороен дожд и грмежи