УХМР: До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст

Од:

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд.

Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни

Горан Наумовски