Удрил во заштитната ограда, кавадарчанец загина на автопатот Скопје-Велес

Од:

34-годишен кавадрчанец го загуби живото откако со неговиот автомобил удрил во заштитната ограда на автопатот „Пријателство“ во близина на Градско во правец кон Велес. Бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што била констатирана смрт.

– На 12.02.2024 во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство” , во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко, патничко возило ,,фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, соопти МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука