Училишната зграда во Саса ќе биде пензионерски дом

Од:

Со три милиони денари обезбедени од Агенцијата за рурален развој и учество од општинскиот буџет, започна реконструкцијата и адаптацијата на старата училишна зграда во село Саса, која ќе биде пренаменета за дом на пензионерите од подрачјето на општината Македонска Каменица.

– Според евиденцијата во нашето здружение на пензионери над 90 отсто од членството својот работен век го минале во рудникот „Саса“. Од истоименото село имаме многу самци и самици и потребата од дом во кој ќе бидат згрижени се чувствува голема потреба, вели Видан Конески, претседател на општинското здружение на пензионерите.

Градоначалникот Дарко Митевски изјави дека реконструкцијата на покривот е завршена, сега се работи на преградните ѕидови и на замена на столаријата. Според договорената динамика со изведувачите, до крајот на октомври реконструкцијата и адаптацијата на објектот целосно ќе бидат завршени.

Пензионираниот рудар Малиш Велиновски се пожали дека бројот на жители во селото Саса во последниве неколку години постојано се намалува. Според последниот попис во Саса живееле 876 лица, а сега има околу 600. Стотина од нив, главно пензионери го напуштиле родното огниште и престојуваат во Германија, Швајцарија и Италија и во други европски земји кај своите деца за да ги чуваат внучињата…

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Во Кавадарци бесплатниот превоз за пензионери ќе стартува од јануари

Орце Костов

Тренчевска: Со новиот пакет антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите со најниска пензија