Учество на министерот Димитров на Состанокот на Министри за надворешни работи на земјите од Западен Балкан

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре на покана на МНР на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, ќе учествува на Состанокот на Министри за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и на министерската коференција за Фондот за Западен Балкан.

Во фокусот на дискусиите на Состанокот на Министрите за надворешни работи ќе биде Стратегијата за кредибилна европска перспектива објавена од страна на Европската комисија во февруари 2018 год. и можностите за нејзина операционализација. Ќе се разговара и за резултатите од Самитот во Трст, нивната досегашна имплементација и очекувањата од претстојниот Самит за Западен Балкан кој ќе се оддржи во Лондон, во јули оваа година.

На состанокот, покрај Министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан, ќе учествуваат и заменик премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Сер Алан Данкан, генералниот директор во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ.

Министерот Димитров, исто така, ќе учествува и на Министерската конференција за Фондот за Западен Балкан каде ќе се разгледаат досегашните резултати од работата на оваа организација, како и нејзините идни активности.

За време на престојот во Сараево, МНР Димитров ќе земе учество и на конференцијата „Bergedorf Round Table“ која оваа година се организира на тема „Долгиот пат кон Европа: Западниот Балкан меѓу домашните предизвици и геополитиката“, а на која ќе учествуваат високи владини претставници и меѓународни експерти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани