Учество на министерот Димитров на форумот CEPS Ideas Lab 2018

Од:

На 23 февруари 2018 година, министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе земе учество на форумот CEPS Ideas Lab 2018, организиран од страна на Центарот за европски политички студии.

Предвидено е МНР Димитров да има свое излагање на две сесии на настанот: „Копенхашката дилема на ЕУ: Зачувување на владеењето на правото пред и по пристапувањето?” и „Западен Балкан: црна дупка во Европа?”

Ова е еден од главните годишни настани на ЦЕПС, кој што ги собира највисоките европски лидери и креатори на политики да дискутираат за теми и прашања важни за сегашните и идните политики на Европската унија.

Годинашната дебата насловена „Европа – повторно на вистинската патека”, ќе биде отворена од претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер, следена од низа дискусии на истакнати европратеници и национални креатори на политики и заедничко завршно излагање на министерот за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс и Лилјана Павлова, бугарскиот министер за претседателство со ЕУ.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија