Учество на делегација од Република Македонија на Министерскиот совет на ОБСЕ

Од:

Делегација предводена од министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ќе учествува во работата на 24-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 7 и 8 декември 2017 година во Виена, Република Австрија.

На Министерскиот совет, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамки на австриското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број на одлуки кои се во доменот на надлежностите на ОБСЕ, односно кои се однесуваат на неговите три димензии: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.

МНР Димитров ќе има свое обраќање на Министерскиот совет на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. Воедно, на маргините на истиот МНР Димитров ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани