Учениците ќе се греат со нафта од државните резерви

Од:

Владата им подари нафта за горење на 71 македонска општина од задолжителните нафтени резерви за греење во училиштата за претстојната зима, јави телевизија „Алфа“.

Вкупната количина изнесува 1.455.000 литри екстра лесно масло за горење, која во малопродажба чини околу 1,5 милиони евра. Според податоците во Службен весник, најголем дел од општините добиваат од 5.000 до 30.000 литри нафта.

Владата донела одлука Битола, Куманово и Тетово да добијат по 100.000 литри екстра лесно масло за горење, Велес, Охрид, Прилеп, Струга и Штип по 60.000, додека Струмица 50.000 литри. Трошоците за транспорт паѓаат на товар на општините.

Мерката, доаѓа по апелот на Градоначалниците до Владата- да седнат на заедничка маса за да го решат проблемот со големите долгови на локалните самоуправи поврзани со образованието. Последните пресметки на општините покажаа дека тие изнесуваат 25 милиони евра, поради што под знак прашање беше греењето во дел од училиштата.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска