Ученици од европски држави во посета на кумановското училиште „Сами Фрашери“

Од:

Триесетина ученици и 13 професори од Германија, Белгија, Франција, Шведска,Унгарија, Шпанија и Италија, преку проектот Еразмус плус се во седумдневна посета на ученици и професори од средното училиште „Сами Фрашери“ од Куманово.

Во тел на посетата учениците ќе соработуваат на повеќе нивоа, ќе работат на формирање виртуелна компанија и ќе имаат можност преку работилници и предавања да гразвиваат претприемнички вештини.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска организираше прием за учениците и професорите од европските држави. Во посета на училиштето престојуваше и евроамбасадорот Семуел Жбогар.

– Горд сум што денеска толку многу млади луѓе се гости на Куманово, како домаќини денеска ќе организираме прошетка. Учениците ќе останат до петок, ќе имаат можност да разменат искуство и ќе соработуваат, на некој начин тие пријателства можеби ќе дадат повод за натамошните активности и продлабочување на соработка со сите овие земји, изјави Дамјановски.

Посетата на Куманово е завршната сесија од тригодишниот проект, финанасиран од Европска унија. Во изминатиот период, информираа надлежните од училиштето „Сами Фрашери“ биле реализирани мултилатерални посети и учениците и професорите од кумановското училиште, кoи престојувале во работна посета на училиштата во Германија, Белгија, Франција, Шведска, Унгарија, Шпанија, и Италија. Целта на проектот е младите да се стекнат со работни вештини и веднаш да се вклучат на пазарот на трудот, објасни Африм Алити, координатор на проектот и професор по англиски јазик во „Сами Фрашери“.

Освен што ќе имаат можност да разменат искуства и да се стекнат со работни вештини, учениците ќе имаат можност да се запознаат со културно-историските споменици во околината на Куманово, Скопје, Тетово, како и да посетат компании.

Би можело да ве интересира

Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Хуманитарно здружение “Мајка”

Труење со храна на семинар во ресторан во Куманово, двајца хоспитализирани

Кривична против 11 кумановци – направија шема за увоз и регистрација на половни моторни возила по половина цена

А1он

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата