Учебник по социологија за втора година: Необразованите Албанци, Турци и Роми немаат свесна контрола на раѓањето

Од:

Во учебник по социологија за втора година на реформираното гимназиско образование е наведена содржина која се однесува на наталитетот во државата и истиот е објаснет со тврдење дека „висока стапка на раѓање имаме кај Ромите, Албанците и Турците“ и дека „во врска со тоа треба да се преземат мерки и треба да се најде начин наталитетот да се доведе во нормални рамки“.

„Голем процент од ова население, а посебно оние што не се доволно образовани се репродуцираат на стар, традиционален начин, без свесна контрола за раѓањето. Во врска со тоа треба да се преземат мерки и треба да се најде начин наталитетот да се доведе во нормални рамки“, пишува во учебникот.

Исто така авторите на овој учебник пишуваат дека „кај оние етнички групи (Македонците), каде што природниот пораст на населението е низок, треба да се стимулира бидејќи пропорцијата на наталитетот присутен кај различните етнички групи негативно се одразува на политички, економски и социјален план“.

Автори на учебникот се Нелко Стојаноски, Зоран Матевски, Милева Ѓуровска.

Дел од реакциите на социјалните мрежи за оваа содржина се дека таа е навредлива, и стимулира фашистичко размислување.

Би можело да ве интересира

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија