Убиството во Љуботен било поради расправија на раскрсница

Од:

На синоќешното убиство во скопското село Љуботен, во кое смртно беше застрелан Џеваир Мурати (30), му претходела расправија и тепачка поради сообраќаен прекршок на кружниот тек во населба Бутел, информираат од МВР.

Осомничен за убиството е 21-годишниот Т.Б., по кој полицијата сè уште трага.

Според информциите на МВР, Мурати, жител на селото Раштански Пат, синоќа околу 22.15 часот бил донесен во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, а лицата што го донеле како сторител на убиството го посочиле Т.Б. од селото Љуботен.

„На настанот му претходела расправија и физички напад во попладневните часови на кружниот тек во населба Бутел поради сообраќаен прекршок. Вечерта, од семејството на Т.Б. бил повикан Џеваир М. за да ги расчистат недоразбирањата. Кога Џеваир М. со својот брат А.М. (23) пристигнал на влезот во селото Љуботен, од семејството на Т.Б. биле повикани да дојдат во близина на џамијата. Откако пристигнале на местото на настанот и почнале разговор со таткото и со двајцата браќа на осомничениот, Т.Б. од нива во близина на местото истрелал еден куршум погодувајќи го Џеваир М.“, стои во полициската информација за настанот.

Полициски екипи извршиле увид на местото на убиството, каде пронашле траги од крв и една чаура, кои се предадени на вештачење, а во врска со настанот во полициска станица биле приведени четири лица со кои бил извршен разговор.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски