Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Од:

Полициски службеници од Гостивар рано утринава уапсиле 34-годишен жител на градот поради сомнение за убиство.

Како што информира МВР, станува збор за М.Д. (34), кој е осомничен дека го усмртил својот татко, К.Д. (63). Случајот бил пријавен во 01:30 часот, кога машко лице се јавило во Полициската станица Гостивар и изразило сомнеж дека е извршено убиство на член од неговото семејство.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, каде во семејната куќа било пронајдено безживотното тело на 63-годишниот маж, со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата.

По извршен увид, поради сомнение дека станува збор за убиство, од слобода бил лишен неговиот син.

Според првичните информации што ги дал осомничениот, неговиот татко починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не бил пријавен во надлежните служби.

За настанот е известен јавен обвинител, а истрагата е во тек. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски

Осомничениот 27-годишен убиец од Росоман сам и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Убиство во Росоман, син си ја закла мајка си

Горан Наумовски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница