Уапсени сопственици на ресторан во Тетово: Организирале веселба со 200 гости

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот привеле тројца тетовци, сопственици на угостителски објект, кои организирале веселба со околу 200 гости. приведени се и други две лица од Тетово, кои агресивно се однесувале кон полициските службеници.

– Во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на угостителски објект, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости.

Во соопштението се наведува дека приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ