Уапсени се двајца кумановци – палеа кабли во близина на сува трева и ѓубре

Од:

МВР информира дека попладнево во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија).

Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат.

Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).

Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Шест лица се уапсени во Куманово, организираа борба на кучиња

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче