ВИДЕО: Уапсени паркобраните

Од:

Полициски единици во два часот по полноќ интервенираа и со сила ги отстранија паркобраните од пред Бристол, кои престојуваа во паркот во знак на револт поради сечата на дрвјата и во обид да спречат натамошно деградирање на просторот со изградба на уште една административна зграда.

Десетмината млади беа уапсени од алфите кои со возила ги однесоа во полициската станица. Меѓу приведените е и Саша Богдановиќ, директор на „Паркинзи – Центар“. Веднаш после нив стигнаа стотина припадници на специјалните единици, кои почнаа со уништувањето на поставените шатори, а почна и да се оградува просторот каде власта има предвидено да се гради обејктот на Советот за радиодифузија во барок стил.

Полициски сили освен пред Бристол, беа распоредени и по другите улици низ центарот на Скопје, како и од сите страни на Републичкото собрание. Полицијата не дозволи снимање и на екипата на А1 он и го одзеде апаратот, но по легитимирањето го врати, со напомена дека е забрането да се слика и снима.  Дел од полицајците потврдија дека се повеќе од двесте на број, и дека се донесени од другите градови поради ангажираност на припадниците на полицијата од Скопје.
park 01
Еден од нив за А1он кажа и дека не знае зашто е донесен во Скопје ниту пак што се случува, посебно по интервенцијата на стотина полицајци против десетмина млади жители на Скопје.
park 03
Отстранувањето на паркобраните ги разгневи и жителите на Центар кои живеат во зградите во близината на хотел Бристол поради големата бучава. Еден граѓанин излезе на балкон и почна да вика по полицијата: „Ало криминалци, идете и затворете ги тие во власта. Преку ден не не’ оставате да живееме, а ноќе сакате и во сон да ни влезете. Засрамете се“ – извика тој.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Градот Бристол го отстрани споменикот на трговецот со робови

А1он

(ВИДЕО) Нов спорт пред Бристол

Емир Латифовиќ

ФОТО: Садниците кои беа извадени од паркот кај Бристол повторно засадени

Емир Латифовиќ

Паркобрани: Жал ни е што не успеавме до крај да го одбраниме паркот кај Бристол, посилни беа

Емир Латифовиќ

Паркобраните на припадниците на ЕБР им доделија улога на „тарабобрани“

Емир Латифовиќ

15 минутно видео од тоа што се случуваше во Центар!

Емир Латифовиќ