Доцна синоќа се уапсени две вработени од Полициската станица во Прилеп

Од:

Се работи за две жени, едната висок функционер во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и втората исто така висок активист на ВМРО-ДПМНЕ.

И двете уапсени се членки на ВМРО-ДПМНЕ, а дознаваме, синот на едната уапсена е вработен во Владата на Република Македонија.
Осомничени се за земање мито и злоупотреба на службени овластувања. За сликање за пасоши и за лични карти, преку ред, земале од 500 денари до 50 евра.

Двете вработени намерно правеле редови и гужви. А преку блиски агенции внесувале луѓе преку ред и земале мито.
А1 дознава од извори на Внатрешната контрола на МВР, дека за мајката на високиот функционер, вработен во Владата, ова е последователно втора истрага за злоуптреба на службената должност и овластувања.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи