Полицијата расчисти серија кражби во Штип

Од:

Во текот на изминатата недела, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип затекнале две лица на возраст од 26 и 27 години и еден малолетник при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од патничко моторно возило во Штип.

МВР денеска соопшти дека лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во истиот период расчистени се и пет кривични дела „тешка кражба“ извршени во патнички моторни возила, продавници и аптека на подрачјето на Полициската станица Штип, извршени од страна на овие сторители и уште еден малолетник, при што биле одземени повеќе производи и предмети.

Расчистено е и кривичното дело „разбојништво“ извршено на 05.11.2019 на Градскиот пазар во Штип извршено над 83-годишна жена од страна на малолетен сторител, кој физички ја нападнал жената, а потоа ѝ ја одзел чантата. Во соопштението од МВР се посочува дека и ова лице е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Дел од украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски