Уапсени двајца изнудувачи

Од:

Вчера во угостителски објект на улицата „Васил Ѓоргов“ во скопската населба Капиштец, полициски службеници ги уапсила слобода Д.З.(36) од скопското село Елово и Р.А.(34) од Скопје.

Тие се сомничат дека на 21.12.2022 од 41-годишно лице од Крушево, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, со употреба на сила одзеле патничко возило „БМВ“ и апарат за испитување на подземни води во вкупна вредност од околу 17.500 евра. Според пријавеното, најпрво му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното.

„По преземени мерки, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, во наведеното време лицата биле затекнати во угостителскиот објект при примопредавање на парите. Кај нив биле пронајдени и одземени изнудените пари и фалсификувана лична карта. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Разбојник зел 4.000 денари, па му вратил 1.000 денари на ограбениот

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Измамник прелажал двајца мажи, одзел пари и автомобил

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски