Уапсени 46 танчерки и придружнички

Од:

Полицијата во заедничка акција со Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција во четири угостителски објекти затекна 46 женски лица кои незаконски работеле како танчерки и придружнички на гостите. Акциската контрола е направена на 27 јули годинава во „Енерџи“ во Тетово, „Ориентал ас“ во Жеровјане, „Европа“ во Ваксинце и „Амстердам“ во Гостивар.

Девојките се префрлени во Транзитниот центар за странци, што денеска го посети министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Таа информира дека од девојките 39 се странски државјанки и тоа девет се бугарски, 22 се српски, една е од Црна Гора, една е од Косово, четри се албански државјанки и една е италијанска државјанка. На возраст се меѓу 18 и 24 години. Кај некои од нив е утврдено дека имаат забрана за влез во Македонија што значи дека не е се првпат тука. Кај нив се пронајдени и поголем износ на пари, кој зависно од лицето се движел и по неколку илјади евра.

Минситерката посочи дека карактеристично за овој случај е што овие лица имале целосна слобода на движење, бидејќи ги поседувале сопствените пасоши, редовно излегувале на подрачјето каде што работеле или биле ангажирани.

Досегашната анализа, како што рече министерката, покажала дека тие примале одреден паушал во текот на нивниот ангажман кој изнесувал околу 40 евра од вечер, а на тоа зависно од тоа во колкав износ ќе бидат напојниците кои би ги добиле во текот на вечерта сумата се делела рамноправно со сопствениците. Добивале и дополнителна надокнада за секој испиен коктел во износ од 30 проценти од цената на коктелот, кој чинел околу 1000 денари. – Тоа е шемата по која функционирал начинот на заработување за која до овој момент имаме потврдено докази и имаме целосна документирана слика како се одвивала. Ќе продолжиме со истрага во насока на откривање и на евентуални други аспкети на незаконско однесување односно на нивниот ангажман, изјави министерката за внатрешни работи.

Бидејќи лицата се затекнати да работат без работна дозвола, четирите угостителски објекти се затворени од соодветните инспекциски служби, информираше министерката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он