Денеска (11.02.2023) во 14.20 часот на улицата „Маџари”, на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е уапсен Џ.Д.(24) од Скопје.
За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
Уапсениот е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.