Полициска рација во затворот „Скопје“, пронајдена дрога и мобилни кај затвореници

Од:

Денеска (5.3.2023) полициски специјалци и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

При контролата, врз основа на судска наредба, се извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.

По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Тепачка во истражниот затвор „Скопје“ двајца осуденици нападнале затворски цимер

Уапсен затвореник кој денеска избега од затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ телефонски измамил угостител од Делчево

А1он

Заев му побара оставка на Котевски пред три месеци, а сѐ уште не ја разгледува

Маја Илиевска-Пачемска

Претседателот Иванов го осудува физичкото насилство што се случи во затворот „Скопје“