Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Од:

Стружанецот Н.К.(33) е уапсен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац по сомнение дека синоќа со камион го прегази пешакот Г.П.(57) од Грделица, кој почина на самото место, пишуваат српските медиуми.

Несреќата, како што пишуваат дел од српските медиуми, се случи ноќеска на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица.

Како што се сомнева, Н.К. управувал камион „Volvo“ кон Лесковац кога удрил во пешакот и му нанел повреди од кои човекот починал на самото место.

Според информациите, осомничениот не се застанал, туку побегнал од местото на несреќата.

По реакција на полицијата, тој бил уапсен 320 километри подалеку, во близина на Сремска Митровица.

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога