Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

Од:

Педесет и двегодишен наставник од Скопје е лишен од слобода откако бил пријавен дека вознемирувал ученичка од средно училиште во општина Центар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 9 март 2026 година во 17:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле наставникот, постапувајќи по претходна пријава.

Според пријавеното, во периодот од 25 февруари до 2 март 2026 година, тој вознемирувал 18-годишна ученичка и од неа барал да имаат полови односи.

Од МВР велат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино