Уапсен пар од Кичево за продажба на кокаин

Од:

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Кичево и Л.Ф.(24) од село Мамудовци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неoвластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Одделот за крим полиција во содејство со Секторот за внатрешни работи Охрид и Надорешната канцеларија за криминалистички работи Кичево по претходно добиени сознанија дека две лица вршат продажба на наркотична дрога кокаин, на 12.03.2018 година изврши претрес во домот на двете пријавени лица во Кичево, каде двајцата живееат под наем. На влез во зградата од слобода е лишен А.А. кај кого се пронајдени 22 пакувања кокаин, додека при влегувањето во станот од страна на неговата девојка Ф.Л. бил даван отпор и истата ги спречувала полициските службеници во вршењето на службени дејствија.

Дополнително истата успеала на кровот од соседната зграда да исфрли повеќе пакувања со наркотична дрога кокаин кои подоцна биле обезбедени. При извршен претрес во домот пронајдени се и 6.660 евра за кои постојат сомненија дека потекнуваат од продажба на наркотичната дрога кокаин.

Би можело да ве интересира

Уште се полавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево