Уапсен охриѓанец кој удрил во полициски автомобил

Од:

48-годишен охриѓанец е уапсен доцна синоќа откако со неговото возило „мерцедес“ удрил во „форд“ на МВР.

– На 17.12.2023 во 00.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Н.(37) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., а В.А. (42) од Охрид, сопатник во возилото „форд“, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука