Уапсен Миле Хаџиски

Од:

Уапсениот македонски државјанин во понеделникот во Авињон е Миле Ханџиски, кој во Македонија се бара за убиство на неговата девојка во скопската населба Аеродром во 1993 година, информираат од македонското МВР.

Француските медиуми, како што пренесува дописникот на МИА од Париз објавуваат дека уапсениот е 41-годишен маж со македонско државјанство, кој бил баран од француската полиција поради убиство и грабеж, направени во Македонија и Швајцарија.

За лицето кое е уапсено во една куќа во Бедриде во Воклуз имало два меѓународни налози за апсење.

Криминалецот бил откриен со локализирање на неговиот мобилен телефон, откако неколку седмици го барала француската судска полиција.

Во моментот кога Ханџиски бил уапсен го користел идентитот Зоран Томиќ. Тој располагал со повеќе идентитети, бил поранешен легионер и со претпоставка дека и припаѓа на бандата „Пинк Пантер“.

Налог за негово апсење имаа издадено Македонија и Швајцарија. Тој успеал да побегне од швајцарскиот затвор Буа Мермет во Лозанo во мај оваа година.

Има дебело криминално досие, како осуда за убиство во Македонија во 1993 година, каде е баран за издржување на казната, и очигледно тој се криел во Франција при судењето во негово отсуство. Тој тогаш успева да се во вклучи во Легијата на странци на француската армија под туѓ идентитет со српско државјанство неоткривајќи го своето минато.

По излегувањето од армијата направил провеќе грабежи во Швајцарија, а се занимавал и со трговија со дрога.

Јавното обвнителство на Ним ќе треба да одлучи дали тој ќе биде екстрадиран и во која земја ќе биде екстрадиран.

Од македонското МВР информираат дека се во контакт со француската полиција од каде што добиле известување за приведувањето на Томиќ, односно Миле Ханџиски.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп