Полициски службеници од Одделението за крим – полиција и Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во периодот од 12.10. до 26.10.2022 од маркети и подруми во станбена зграда на подрачјето на Штип.
Поради сомнение дека ги извршил делата, од слобода бил лишен А.М.(39) од Штип.
Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела. Дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.
По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.