Уапсен е возачот кој во Скопје со возило удри во 13-годишен велосипедист

Од:

Дваесетгодишен возач од Скопје е уапсен од полицијата откако со возило удри во велосипед управуван од 13-годишник, соопшти МВР.

Во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ патничко возило „сеат“ управувано од А.П.(20) од Скопје, удри во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје.

Во несреќата, како што соопшти МВР, малолетникот се здоби со тешки повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е уашсен по член 300 од Кривичниот законик.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Драма на ГП „Блато“: Возач се обиде да избега, животите на полицајци беа загрозени

Горан Наумовски

Приведен е 41 годишник, возеше велосипед со 3,64 промили алкохол во крвта

А1он

Исклучен од сообраќај – возел велосипед со 3,14 промили алкохол во крвта

А1он

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Струмица

Горан Наумовски

Велосипедист се излизгал и паднал во провалија на Беласица

Повреден велосипедист на Средно Водно