Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 49‑годишно лице осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако при претрес во подрумска просторија во скопската населба Аеродром биле пронајдени марихуана, амфетамин, метадон и предмети поврзани со илегална трговија со дрога.

Како што соопштуваат од ЈО, при претрес во подрумска просторија во Аеродром која ја користел осомничениот 49-годишник, полициски службеници пронашле вкупно 108,61 грама марихуана, 66,9 грама психотропна супстанца – амфетамин и синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 210,5 мл.

Освен тоа, биле пронајдени и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална трговија со дрога, како и две дигитални ваги со траги од амфетамин, кокаин и марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство и доказите кои упатуваат на тоа дека би можел да продолжи да врши неовластена продажба на дрога.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он