Полицијата во Краљево уапси 44-годишник од Македонија, под сомнение дека ограби пет обложувалници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа, пренесуваат српските медиуми.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на обложувалници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, украде повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронајде дел од парите, фантомка и реплика на пиштол која, како што се сомнева, ја користел при извршувањето на кривичните дела.
Тој се товари за пет кривични дела разбојништво, одредено му е задржување до 48 часа и ќе биде приведен во Обвинителството, соопшти Полициската управа во Краљево.