Уапсен е Бујар Дардишта, поранешниот директор на Управата за матични книги од ДУИ

Од:

Во обемна полициска акција што се спроведува од ноќеска, уапсен е Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги. Заедно со него приведени се уште неколку лица, а извршени се и претреси на повеќе локации низ државата.

Дардишта е кадар на ДУИ и во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.

Според досегашните информации, акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја потврдуваат акцијата и информираат дека таа се одвива на повеќе локации во државата.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ–МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско-економска природа. Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности“, соопштија од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија

Обвинителството отвори предмет за транспортот на мозоци во САД

Љупчо Пецов – Ѓаволот од бегство во домашен притвор, сам се пријавил и донел документи дека е болен

Ако бевте невини, требаше вие да изгорите во трагедијата – му рекол обвинител на полицаец тврдат од Независниот синдикат

Предмет „Синдром“ – 36 обвинети за давање инвалидски пензии и туѓа нега со мито

Апсење на члeнови на „Беланоца-Барон“ за убиствата на Пластичарска и во Ханиоти