Во полициска акција е уапсен братот на претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, а полицијата распишала меѓународна потерница и по него.
Мирослав Шиповиќ моментално е во посета кај неговиот син во Соединетите американски држави.
Мирослав Шиповиќ полицијата го сомничи за криминал од околу еден милион евра во акционерското друштво Машинопромет, каде што тој е претседател на Управен одбор. Полицијата сеуште ја реализира последната фаза од операцијата, а досега се приведени повеќе лица, членови на управниот и надзорниот одбор на Машинопромет. Според полицијата, истрагата се однесува на периодот од 2008 до 2011 година кога е почната претстечајната постапка во Машинопромет. Според МВР и покрај забраната се носеле одлуки за отуѓување на имотот, надвор од пазарната вредност со што е нанесена штета на Република Македонија.
Мирослав Шиповиќ е првоосомничен.
Бојан Стојановски