Уапсен 43-годишен жител на Делчево, полицијата дома му нашла марихуана, петарди и куршуми

Од:

По претходно преземени мерки и активности, а поради постоење основи на сомнение за кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, вчера во Делчево бил уапсен 43-годишен жител на градот, информираат од полицијата.

„Вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на А.К.(43) во Делчево. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства, малокалибарска муниција и др. По документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава,“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

„Културна кауза“ во Делчево – спој на музика, поезија и мултимедијални содржини

А1он

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево