Твитер: Жерновски додека ја преземе функцијата, ќе му постават споменик и пред канцеларија

Од:

Твитер заедницата ја препозна и на свој начин искоментира црната кампања која власта и провладините медиуми ја водеа против Андреј Жерновски.

Очигледно Центар не подлегна на желбата да го дикредитира за да добие Тодоровиќ уште еден мандат.

И денеска по победата на Жерновски, твитерџиите со свои коментари, особено што ноќта по поразот, некој побрза да постави нови 15-тина споменици.

Еве како ова го искоментира твитер заедницата:

#Жерновски додека ја превземе градоначалничката функција ќе му постават споменик и пред влез во канцеларија

Ако викне утре #Жерновски твитераши да вадат споменици, ќе одите?

#Жерновски не мора да вика багери, доволно е да покаже со прст кој споменик ќе падне и народот сам ќе иде ќе го откорне.

Кај #Жерновски дома слават дека се вработи.

ја да сум сеа #Жерновски од утре испорака на споменици у Пустец.

#Жерновски утре ако е муж ќе застане у Центар и ќе рече “ШТО ПИЕ ТВИТЕР?”

Трет круг за #Центар, #Жерновски не ги платил кесите утрово во Тинекс

#жерновски честито. Ако некогаш имам шанса да го запознам, се ке му пренесам шо се дешаваше на твитер.

изгледа #жерновски требаше прво да ги преброи кутиите па после ливчињата..

И покрај победата на #Жерновски во Центар јас ќе си ја барам платата по учинок од твитер заедницата за кампањата.

#жерновски излезе на тераса ама не им кажа фала на #твитерџиите срам да му е

Идеме утре у месен комитет у Центар,нарачуеме 5 гајби пиво,салама и вегета,#Жерновски плаќа!

Само #жерновски не се нервира коа ќе му го хакнат профилот на фб, многу е ИН на твитер !

Ако ништо друго, на #Жерновски ќе му останат во драг спомен сите тие твитови напишани во негова чест.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар