Твитер задницта со свое видување и кометари зa поставувањето на рингишпилот во Центарот на Скопје.
Еве дел од коментарите:
- Сега режисерот на спотот за Империја го гледат рингишпилов и си викат: „Зошто бе порано не го ставивте, зошто?“
- Озбилно сега: #рингишпил-от ви ја прелеа чашата? после уставен суд и цел окупиран кеј и згради со згрешен размер? озбилно?
- Остајте го #рингишпил -от на раат да си врти и донирајте 100 денари за изградба на детски ургентен центар…
- После муабетов со #рингишпил она „шо те вртам“ ми добива друга димензија
- Еј не направите донаторски коктел за некој друг дел од клиника пред да го поставите #рингишпил-от?
- Прво се бањаш у фонтана, па се сушиш на #рингишпил
- Интересна ми е кратката меморија. #Рингишпил-от беше најавен (види линк). Имавме време да се побуниме. Сега честито вожња
- И додека се возите на новиот #рингишпил, не заборавајте да испратите СМС за донација на 100 денари за реновирање на Детската клиника.
- “In #рингишпил we trust” – said the government of Macedonia.
- А ќе биде ли бесплатен за пензионери #рингишпил?
- „Овие барем нешто градат“, леле до кое дереџе дојдовме? #рингишпил
- Се јавија од Дизниленд. They want their stuff back #рингишпил
- Кој ќе го фати мечето на #рингишпил гратис цд со музиката од споменикот – фонтана, воин на коњ.
- Ај да се облечиме како комити и да се повозиме на #рингишпил.
- Прво мислев дека #рингишпил-от е глупост ама после увидов дека покривот всушност е македонско знаме. Да живее вртењето во круг!
- Правете вие доскочици за #рингишпил но тој си вреди 160,000 евра…
- #Рингишпил е зипуван споменик со толку коњчиња на него. Не дај боже да го анзипуваат будаливе.
- Имајте разбирање, #рингишпил на плоштад е поставен во чест на 500-тото гостување на Ѓорѓе Балашевиќ.
- Да бидам искрен, рингишпилот од Скопје 2014 е еден од најдобрите симболи за Македонија. Ќе го преставува 20 годишното вртење во круг на нашата држава!
- Рингишпил на коњ.