„Твитер“ и „Фејсбук“ вријат од реакции: Господине Рашковски, во Мексико сте?

Од:

Лавина од реакции настанаа вчеравечер на социјалните мрежи, откако се испостави дека советникот во Владата Драги Рашковски, кого го тресат скандали за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци, а и во сред пандемија, заминал во Мексико.

Медиумите шпекулираа дека тој се наоѓа во бегство, но вчера тој за „Фокус“ се појави со изјава: „Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација“, додавајќи дека три години не бил на одмор, па ова патување било по повод роденденот на сопругата.

„Заминал по вакцини“, коментираат дел од граѓаните на социјалните мрежи.

„Ништо страшно, само го користи одморот од лани“, пишуваат други.

Ова се само дел од коментарите кои кај граѓаните развија револт, со оглед на тоа што за Рашковски неодамна беше обеледенет скандалот дека набавил софтвер за сообраќајни прекршоци за камерите од „Безбеден град“ кој никогаш не бил искористен, а софтверот го патентирал самиот тој.

Во екот на аферата, Рашковски даде кратка изјава од неговиот одмор од Мексико, каде што заминал на 14 март, а ќе престојува до 31 март.

Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) веќе изјавија дека ќе ја истражуваат набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци преку видеонадзор, што лани го купил Генералниот секретаријат на Владата.

Софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР  се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Овој софтвер веќе една година не е во употреба.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена