Лавина од реакции настанаа вчеравечер на социјалните мрежи, откако се испостави дека советникот во Владата Драги Рашковски, кого го тресат скандали за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци, а и во сред пандемија, заминал во Мексико.
Медиумите шпекулираа дека тој се наоѓа во бегство, но вчера тој за „Фокус“ се појави со изјава: „Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација“, додавајќи дека три години не бил на одмор, па ова патување било по повод роденденот на сопругата.
„Заминал по вакцини“, коментираат дел од граѓаните на социјалните мрежи.
На кого му смета исунчан Рашковски?
— Мекица (@Plavaaa) March 16, 2021
„Ништо страшно, само го користи одморот од лани“, пишуваат други.
Ова се само дел од коментарите кои кај граѓаните развија револт, со оглед на тоа што за Рашковски неодамна беше обеледенет скандалот дека набавил софтвер за сообраќајни прекршоци за камерите од „Безбеден град“ кој никогаш не бил искористен, а софтверот го патентирал самиот тој.
Во екот на аферата, Рашковски даде кратка изјава од неговиот одмор од Мексико, каде што заминал на 14 март, а ќе престојува до 31 март.
Сињор Рашковски вие во Мексико сте ?
— Wölf ? (@thewolfmk) March 16, 2021
*се качува во авион за Мексико
— Македонско девојче✨ (@msoldieroflove) March 16, 2021
Замислете кај би отишол Рашковски да не бил на одмор 20 години ??
— marijana (@neskafeNA) March 16, 2021
Рашковски: Не сум бил надвор од земјата, туку во самоизолација со 40 температура
— ПрофилПредВремето® (@Rebrendiran) March 17, 2021
Рашковски се јави! pic.twitter.com/diZDkie51Q
— Џон Крокодилов (@johnkrokodil) March 16, 2021
Рашковски се огласи за „Фокус“: Во Мексико дојдов со семејството на одмор, на сопругата ѝ е роденден.
– Ние затворени 24/7 по дома ко бубашваби, Рашко на скромен одмор у МЕКСИКО. Еее шо ти е иновација упм.
— Бапчо (@TheFitzzz) March 16, 2021
Рашковски може отишол по вакцини во Мексико. Одма на најлошото мислите па вие. Срам да ви е.
— Гоце Чекоров-Ланс (@aerodrom1312) March 16, 2021
Рашковски ќе се појавел како софтверски техничар во новата сезона на Наркос: Meксико.
— Kaшлица во твојата уста ? (@kashlicaa) March 16, 2021
Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) веќе изјавија дека ќе ја истражуваат набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци преку видеонадзор, што лани го купил Генералниот секретаријат на Владата.
Софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Овој софтвер веќе една година не е во употреба.