Твининг-проект за превенција и борба со корупцијата

Од:

Во седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска ќе се одржи прва, официјална конференција за започнување на твининг-проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“.

Проектот е дел од Програмата ИПА 2010 на Европската унија, а партнери во реализацијата на проектот се Република Македонија и Сојузна Република Германија. Проектот е креиран од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и поддржан од Европската унија.

На конференцијата ќе бидат соопштени планираните активности и цели што ќе се реализираат во период од две години колку што ќе трае проектот. Нив ќе ги презентираат Мирјана Димовска, член на ДКСК, во име на Република Македонија како земја-корисник, и на Михаил  Арндт Холгер – во име на СР Германија, како земја-членка на Европската унија.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи