ТВ N1: Наместо работни места во Скопје никнуваат споменици

Од:

„Покрај политичката криза која ја потресе македонската јавност, се случува и универзитет: на многу факултети во Скопје, нема настава, бидејќи студентите ги окупираа.“, вака почнува репортажата за политичката ситуација во Македонија на регионалната телевизија N1. 

Прилогот ја пренесува оценката на аналитичари дека студентските протести се само врвот на ледениот брег, бидејќи Македонија е една од најсиромашните земји во Европа.

„Од минатата недела студентите на Филозофскот факултет се будат во една просторија која до неодамна беше училница. Тие ја блокираат наставата незадоволни од измените на Законот за високо образование.

И додека окупацијата се шири и на други факултети, работни места во Македонија не се отвраат сразмерно со спомениците кои секојдневно никнуваат во центарот на Скопје.

Ниту официјалната статистика не кажува ништо што е во корист на граѓаните на Македонија. Просечната плата на крајот на минатата година изнесувала помалку од 350 евра, додека просечната пензија, исплатена првиот месец од годината, изнесувала нешто помалку од 205 евра.

Според податоците на Меѓународната организација на трудот, Македонците не се вработени – невработеноста во 2014 година беше на ниво од 27,9 отсто и оваа година има тенденција уште повеќе да се зголеми.“

Оние кои имаат работа велат дека живеат од ден за ден.

„Покрај студентите, во Македонија протестираат и работниците, најмногу хонорарците. Тие не се заинтересирани за високата политика, сакаат повисок стандард на живеење.

Македонија останува на младите, па треба да се слушне нивниот глас“, завршува прилогот на N1 телевизијата за ситуацијата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен