Тутунот во Велешко се откупува на шест пункта

Од:

 Вкупно 1.327 тони квалитетен тутун главно од сортата „прилеп“, а во помал дел и од сортите „јака“ и „пасман“, се очекува да бидат откупени во Велешко.
 
Преземање на количините вршат „Соко Таб“, „Алијанса“ од Кавадарци и „Центро Табак“, на шест пункта: во селата Иванковци, Бузалково, Горно Оризари, Чашка, Градско и Лозово, кои се најголеми производители.
 
– Тутунот годинава е со добар квалитет. Склучени се договори со 1.387 земјоделци за производство на 684 хектари, информира Вили Бочваров од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
 
 
Лани биле склучени помалку договори, 1.035. На поголема површина, 720 хектари, биле произведени нешто помалку или 1.309 тони на тутун.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат забрана за увоз на тутун додека не се потроши домашниот

Ландов

Владата дозволи користење на електронските цигари во затворени простории

А1он

Голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и складиштата

Во фирма во Струмица пронајдени 330 килограми режан тутун без бандерола

А1он