Туск во Скопје на 27 април

Од:

Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потврди дека тој ќе учествува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која тој ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши во Скопје на самитот Брдо-Бриони на 27 април.

Домаќин на состанокот на лидерите на земјите-членки учеснички од Процесот Брдо-Бриони ќе биде претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

Целта на процесот Брдо-Бриони е да ги собере лидерите на Западниот Балкан како и оние на Словенија и Хрватска за, како што се вели во соопштението, да се зацврсти политичкиот дијалог и да се зголеми нивото на доверба за решавање на билатералните и регионалните спорови. Туск ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Средба со Претседателот Ѓорѓе Иванов не е на официјалната агенда.

Целта на оваа турнеја е и да се подготви претстојниот самит за Западниот Балкан во Софија на 17 мај.

– Европската унија продолжува да биде најсигурниот партнер за целиот регион. Како најголем инвеститор, најголем донатор, најголем трговски пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Нашиот самит треба да ја потврди европската перспектива за регионот. И, уште поважно, треба да ги подобри на конкретен начин конекциите во и со регионот, изјави Доналд Туск пред Европарламентот на 18 април, пишува во соопштението на Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Полска алармира: Слабата и разделена Европа го губи кредибилитетот

Амбициозна порака од Туск: Балтикот стана стратешки приоритет за Полска

Туск: Америка е подготвена да распореди војници во Украина

Туск: Навроцки уште еднаш го идентификуваше Западот како главна закана за Полска

Горан Наумовски

Доналд Туск: Се согласивме дека е потребно да се најде начин за користење на руските средства

Туск за мировните преговори за Украина: Нема многу причини за прекумерен оптимизам