Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – фалсификување исправа.

Обвинетиот, како што информираат од Јавното обвинителство, на 25 февруари при поднесување барање за привремен престој и на 11 мај при подигање на дозволата за привремен престој на странец во Република Северна Македонија, употребил преправена јавна исправа – турски пасош. На оригиналната патна исправа било извршено отстранување и замена на оригиналната втора страница која содржи лични податоци и фотографија на имателот на патната исправа. Вметната нова неоригинална страница се разликува од оригиналот по техничките карактеристики на печатење, флуоресценцијата и по конецот со кој е сошиен буклетот на патната исправа. Преправениот пасош обвинетиот го употребил како вистински во два наврати, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.​

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно