Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Од:

За кривично дело – Помагање на странец при незаконит престој од Законот за странци осомничени се двајца турски државјани, на возраст од 30 и 26 години.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци.

Тие изнајмиле стан на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде за одреден паричен надомест им обезбедиле сместување и не го пријавиле престојот на двајца турски и двајца узбекистански државјани, со што им помогнале да престојуваат во земјава подолго од законски дозволениот престој од 90 дена во текот на 180 дена.

Бидејќи постојат околности што укажуваат постоење на опасност од бегство, опасност од влијание врз сведоци и сокривање и уништување на траги и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

Убиецот на Ахмет Мерт Доган избега во Косово, започната е постапка за негова екстрадиција

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство