Турканици пред кумановскиот Центар за социјални работи, граѓаните бараат информации за платежни картички

Од:

Корисници на различни социјални трансфери од Куманово изминатиов период секојдневно доаѓаат пред Центарот за социјални работи и бараат информации како да се запишат на списоците за користење на платежна картичка.

Граѓаните се туркаат пред просториите на објектот, па од вчера надлежните од установата побарале асистенција од СВР Куманово за да не се создава метеж пред објектот и да се заштити здравјето на граѓаните. По најавувањето на овие мерки за ублажување на последиците од коронакризата сериозно е зголемен интересот кај граѓаните за начинот на остварување на оваа бенефиција.

-Поради големиот интерес се создаваат сериозни турканици особено во утринските часови, така што побаравме секојдневна асистенција од МВР за да се воведе ред поради заштита од коронавирусот и максимално да се почитуваат препораките за носење маска и држење физичка дистанца, изјави директорката на установата, Александра Арсовска.

Наскоро во Центарот ќе бидат отворени дополнителни два шалтери, најави Арсовска, едниот во просториите за детска заштита (спроти поранешна Печатница) и вториот на споредниот влез од установата.

-Барателите ќе можат да добијат секаква информација, вели Арсовска.

Граѓаните најмногу прашувале како да се запишат на списоците за користење платежна картичка, како банката ќе им ја доставува картичката, некои имале различна адреса од наведената во документите, некои немале телефон за контакт.

Од Центарот појаснија дека остануваат можностите граѓаните да се информираат и преку фиксен телефон и мобилен дежурен телефон.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување