Туристичката населба Беровско Езеро доби чиста вода за пиење

Од:

На Беровско Езеро конечно ќе се пие чиста вода. Од денеска пуштена во употреба новата филтер станица која конечно ќе стави крај на проблемите со водата за пиење во едно од најубавите туристички места на истокот.

Ставање во употреба на новата филтер станица во туристичката населба Беровско Езеро според беровскиот градоначалник Звонко Пекевски ќе значи развој на туризмот, развој на Берово и можност за подобар туризам.

– Со ова овозможуваме населбата да добие чиста и здрава вода за пиење, која ќе овозможи дополнителен импут во развојот на туризмот во Берово. Филтер станицата е изградена со пари од ИПА фондовите. Оттаму се обезбедени вкупно половина милион ева. 250.000 се инвестирани во Берово, а исто толку во бугарската туристичка општина Сандански, информираше Пекевски.

Од општина Сандански Република Бугарија кои се партнер општина во проектот се надеваат на понатамошна успешна соработка.

– Очекуваме со општина Берово да го продолжиме партнерството и во други проекти. Во рамки на овој проект, во општина Сандански се изградија водни каскади, водни огледала, а беше обезбедена и опрема за одржување на прковите“, изјави Трајана Сухарева, о. Санданаски, Р. Бугарија.

Според заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, ИПА проектите се во функција на подобрување на условите за живот во општините, но и во зближување на луѓето.

– Ваквата соработка ги зближува граѓаните од двете страни на границата и дава еден европски дух. Република Македонија е цврсто определена на патот кон ЕУ , зашто тоа значи вредности, развој, се она што на нашите граѓани им фали“, истакна Павлески.

Проектот се работеше во изминатите 24 месеци и е насловен како „Градење на инфраструктура за одржлив развој на туризмот“, што е и крајна цел на сите активности.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово