Тупанчески: Во Волковија ќе се издржува мерката „упатување во ВПД“ за малолетничките на кои име е изречена

Од:

Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“ истата ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчињата до скоро ја издржуваа оваа мерка во адаптирани услови во Затворот во Идризово, изјави министерот за правда Никола Тупанчески пред почетокот на настанот „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата“.

„Во таа насока ние веќе како Министерство за правда реагиравме, постапивме по тие препораки – забелешки и тој проблем инстантно е решен. Меѓутоа, работиме на системско решавање на проблемот затоа што има посебна установа во близината на Тетово каде што практично претставува институција за згрижување на децата, коишто пријавуваат девијантно однесување. Во таа насока Министерството за правда работи на изнаоѓање на системско и трајно решение во однос на статусот на децата и како извршители на кривични дела“, додаде Тупанчески.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов