Тунтев најави дел од програмата на ОО на СДСМ

Од:

Новиот Извршен одбдор на ОО СДСМ – спој на младоста и искуството. Вака новоизбраниот претседател на ОО Томислав Тунтев ја престави новата општинска гарнитура која ќе раководи со Охридската организација на партијата.

Новиот ИО на СДСМ брои 18 членови. Дел од нив се истакнати партиски активисти познати на јавноста, а поголемиот дел се млади кои, како што рече Тунтев, треба да внесат енергијата во партијата. Тунтев додаде дека станува збор за луѓе без дамка во својата кариера и луѓе во кои партијата гледа иднина. Тој истакна дека огранокот во Охрид со работа почнува од нула, со цел да изгради здрава основа за политичко делување.

Тунтев кажа дека мотото под кое ќе работат и кое ќе ги води е ”Направете разлика” и дека тому тоа ќе биде двигател кој ќе ја врати партијата на власт.

ИО на СДСМ Охрид:

Д-р Ацо Размоски, специјалист во Коснозглобна (поранешен претседател на ОО СДСМ Охрид)
Сашо Ставрески – професор по физичко образование
Дарко Стевоски – инженер
Ристе Недески – правник
Перо Малески – вработен во Заводот за кардиологија
Климе Ставрески – стопанственик
Васко Паскали – правник
Александар Кузески – правник
Денис Мурат – правник
Даниел Радески – дипл јавен администратор
Никола Галиот- дипл. менаџер по туризам
Љупка Иваноска – менаџер по осигурување
Маре Ристеска – проф.по книжевност
Христина Гогоска – дипл.политиколог
Леонора Новеска – дипл.економист
Д-р Лидија Заричинова – офталмолог
Славица Лалеска – фармацевт
Елизабета Русеска – правник

На денешниот брифинг за новинарите беше кажано дека приоритет на новиот ИО на ОО СДСМ Охрид ќе биде изработка на програма на огранокот. Тунтев најави повеќе проектите, а додаде дека започнуваат со „Волонтирај во СДСМ“ кој ќе се фокусира на младите.

Претседателот на ОО на СДСМ вети дека раководството на партијата редовно ќе одржува неформални средби со граѓаните со цел да ја презентира партиската програма.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски