Тунтев ќе „летне“ во АЦВП?

Од:

Томислав Тунтев, пратеник од редовите на СДСМ и актуелен координатор на пратеничката група има аспирации и желба пратеничката да ја замени со фотелја во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба (АЦВП).

Пред десетина дена Тунтев негираше дека ќе биде сменет од функцијата координатор. Извори од АЦВ за А1он потврдуваат дека тој аплицирал за директор.

Според Законот за воздухопловство, директорот има 4-годишен мандат со право на реизбор. Актуелниот Горан Јандреоски е именуван за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство со одлука на Управниот одбор на АЦВП, на 09.01.2015 година. Тунтев ги исполнува условите за ова место бидејќи има завршено Технички факултет во Битола и е доктор на технички науки.

Позицијата во АЦВП е престижна, иако платата е строга тајна за новинарите, а со тоа и за јавноста.

Јандреоски за прв човек на АЦВ, дојде од позицијата менаџер за одржување во ТАВ Македонија и за него велат дека платата му била утврдена со менаџерски договор, кој е повеќекратно поголем од просечната плата.

Агенцијата за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија, но во својата работа и при донесување на одлуките во рамките на своите овластувања е целосно политички, финансиски и функционално независна од друг државен орган.

Кој ќе го замени Тунтев во пратеничката група на СДСМ, доколку замине, е се уште непознато, но се споменуваат имињата на Јован Митрески и Хари Локвенец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски