Тунески: ВМРО-ДПМНЕ да го каже својот став за укинувањето на дневната ефтина струја

Од:

Вчера СДСМ побара Регулаторната комисија за енергетика итно да ги повлече правилникот и тарифниците со кои ја укина дневната евтина тарифа на струјата која важеше од 13 до 16 часот. Притоа СДСМ ја повика ВМРО ДПМНЕ јавно да се приклучи кон барањето на СДСМ и да не го оправдува својот молк со наводната независност на Регулаторната комисија за енергетика, затоа што и претседателот на Комисијата и еден нејзин член се истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ, а еден од нив е дури и поранешен член на Извршниот комитет на таа партија.

Според досегашните реакции на Регулаторната комисија за енергетика, таа не покажува интерес да ги повлече правилникот и тарифниците и да ја врати цената на струјата на претходното пониско ниво.

За жал, од владеачката ВМРО ДПМНЕ и од нејзините медиумски мегафони нема ниту информација ниту коментар за скандалозното поскапување на струјата од околу 20%. Затоа денес СДСМ уште еднаш ја повикува ВМРО ДПМНЕ јасно и гласно да им го каже на граѓаните својот став во однос на укинувањето на дневната евтина струја и јавно да се приклучи кон барањето на СДСМ до Регулаторната комисија за енергетика итно да ги повлече правилникот и тарифниците со кои ја укина дневната евтина тарифа на струјата која важеше од 13 до 16 часот.

Граѓаните мора да го знаат ставот на ВМРО ДПМНЕ во однос на ова прашање, односно мора да знаат дали ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучи кон барањето на СДСМ до Регулаторната комисија или ВМРО ДПМНЕ и понатаму ќе молчи и ќе го поддржува поскапувањето на струјата и укинувањето на евтината дневна тарифа?

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов